• четврток, 10 октомври 2024

Субименди демантираше дека ќе се приклучи на Манчестер Сити во зима

Субименди демантираше дека ќе се приклучи на Манчестер Сити во зима

Мадрид, 9 октомври 2024 (МИА) - Мартин Субименди ги негираше тврдењата дека ќе се пресели од Реал Сосиедад во англискиот шампион Манчестер Сити во јануари 2025 година, објави во средата италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

-Секогаш има гласини, но секогаш мислев дека за мене е најдобро да останам во Реал Сосиедад. Имам уште многу да дадам за клубот. Сакам да растам и да се развивам овде, прокоментира 25-годишниот дефанзивен играч за врска.

Шпанскиот интернационалец има договор со Баскијците до летото 2027 година. Играчот од средниот ред има одиграно 12 натпревари со шпанската репрезентација.

Британските медиуми предвидуваа дека Субименди може да биде купен од Сити во зима, но најверојатно играчот ќе го продолжи договорот со Реал Сосиедад. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан