• сабота, 21 декември 2024

Суарез ќе го напушти Гремио во зимскиот преоден рок

Суарез ќе го напушти Гремио во зимскиот преоден рок

Порто Алегре, 30 јули 2023 (МИА) – Фудбалерот на Гремио, Луис Суарез, најави дека ќе го напушти клубот во зима.

 

- Мора да бидете искрени со себе, вашето тело и клубот. Следната сезона повеќе нема да можам да го дадам нивото што се очекува од мене во Гремио. Бразилскиот фудбал е многу комплексен во однос на обемот на работа. Бара многу од играчите, изјави Суарез за „Relevo“.

 

Претходно беше објавено дека 36-годишниот Уругваец е во преговори со Интер Мајами.

 

Актуелниот договор на Суарез со Гремио е до 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан