• вторник, 19 ноември 2024

Суарез би можел да остане во Атлетико уште една ако Уругвај се пласира на СП

Суарез би можел да остане во Атлетико уште една ако Уругвај се пласира на СП
Мадрид, 30 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, би можел да го продолжи договорот со мадридскиот клуб на уште една година доколку Уругвај се пласира на Светското првенство во Катар во 2022 година, објави „Марка“. Според шпанскиот весник, прашањето за иднината на 35-годишниот Уругваец ќе биде решено на лето. Претходно, самиот фудбалер кажа дека во случај репрезентацијата на Уругвај да избори учество на Светското првенство 2022 година, би сакал да остане во Атлетико за да биде на Мундијалот во подобра форма. Клубот од Мадрид ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот врз основа на учинокот на Суарез во преостанатиот дел од сезоната. Оваа сезона Суарез за Атлетико Мадрид постигна девет гола и две асистенции на 29 натпревари. Договорот на напаѓачот со мадридскиот клуб е до 30 јуни 2022 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Уругваецот на 10 милиони евра. зс/

Остани поврзан