• среда, 18 декември 2024

Студент Евреин нападнат пред синагога во Хамбург

Студент Евреин нападнат пред синагога во Хамбург
Берлин, 5 октомври 2020 (МИА) - Германската министерка за правда Кристина Ламбрехт го оцени денеска како ужасен акт на насилство нападот врз 26-годишен студент Евреин, пред синагога во Хамбург. - Мораме дополнително да се спротивставиме на агитирањето против Евреите и да ги заштитиме жртвите на омраза и насилство, предупреди Ламбрехт. Студентот е нападнат и добил удар во глава непосредно пред да влезе во синагогата, а потоа поради здобиени повреди бил пренесен в болница. Полицијата уапси осомничен 29-годишен Германец со потекло од Казахстан, кој бил облечен во маскирна униформа и, како што се наведува во полициското соопштение, бил конфузен при првото сослушување. гт/

Остани поврзан