• петок, 26 јули 2024

Студено утро со температури од -18 степени до -8 степени

Студено утро со температури од -18 степени до -8 степени

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе бидат во интервал од - 18 до - 8, а максималните од - 3 до 5 степени.

Во Скопје наутро ќе биде ведро и многу студено време, преку ден сончево со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до - 13, а максималните ќе достигнат до 3 степени.

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под - 15 степени. Најстудено ќе биде денес и во вторник. Од четврток температурите ќе бидат во пораст. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан