• понеделник, 02 септември 2024

Студено утро, преку ден претежно сончево

Студено утро, преку ден претежно сончево

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 14 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а в петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан