• среда, 27 ноември 2024

Стратегија за родова еднаквост 2024 - 2027 донесена во Кавадарци

Стратегија за родова еднаквост 2024 - 2027 донесена во Кавадарци

Кавадарци, 6 февруари 2024 (МИА) - Во Кавадарци е донесена стратегија за родова еднаквост 2024 - 2027 година, информираа вечерва од Општина Кавадарци.  

Во општина Кавадарци заклучно со август 2023 година бројот на невработени изнесува 1.407 лица, од кои 656 се мажи, а 751 се жени. Според статистиката направена од август 2018 година бројот на невработени лица се намалува, што значи дека Општина Кавадарци успешно со соочува со овој проблем што ја прави една од најдобрите и најуспешни општини во Република Северна Македонија. Ова меѓу другото е дел од стратегијата за родова еднаквост 2024 - 2027 година, донесена во Кавадарци.  

Општина Кавадарци е општина со родово сензитивни одржливи политики и практики кои придонесуваат кон постигнување на еднакви можности и овозможуваат квалитетен живот за жените и мажите, девојчињата и момчињата, пишува во стратегијата. 

Стратегијата за родова еднаквост на општина Кавадарци, се нагласува,  е основана на принципи, еднаквост, транспарентност, партиципативност, ефективност и ефикасност. Стратегијата содржи оперативен план кој предвидува преземање на краткорочни и 
среднорочни активности, кои ќе се реализираат преку годишните програми за работа на локалната самоуправа.

Документот е изготвен од Општина Кавадарци и Комисијата за еднакви можности на Советот на Општина Кавадарци, со менторска поддршка од Гордана Несторовска Мицова и Бранка Минчева Коцевска и координаторката за еднакви можности во Општина Кавадарци, Марија Камчева.

- Стратегијата за родова еднаквост на општина Кавадарци (2024-2027) е поддржана во рамките на проектот на UN Women „Промовирање  на родово одговорни политики и 
буџети, кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ (фаза 2), што се спроведува со финансиска поддршка на Швајцарија и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во Република Северна Македонија“, што се спроведува со финансиска поддршка на Шведска, појасни Камчева. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан