• вторник, 12 ноември 2024

Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето

Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето

4 јануари 2024

 

На денешната прес конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што министерката за животна средина ги обвини општините дека не доволно работеле на спроведување на мерките за заштита на животната средина, алудирајќи на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека не доволно се ангажирале за да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух и дали ВМРО-ДПМНЕ има план за тоа истакна дека СДСМ и ДУИ не ги исполнија мерките за заштита на животната средина и аерозагадувањето а ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето.

„Секако дека ВМРО-ДПМНЕ има план кој што ќе го предложи во програмата за претстоечките избори во мај и тој план е издржан и ги содржи сите оние мерки кои што ги кажавме а кои што не се содржат во планот на СДСм. Во однос на општините и во однос на она што СДСМ постојано го повторува дека ингеренциите се на локалната самоуправа и тоа не е точно и ќе ви кажам зошто не е точно. Бидејќи и покрај ветувањата на СДСМ дека ќе се засили коренсподенцијата односно комуникацијата помеѓу локалниот и државниот  инспекторат за животна средина ние такво нешто не добивме ниту како предлог законско решение ниту пак такви ингеренции некој доби тоа многу добро се виде во последната случка она што се случи во Ѓорче Петров каде што локалниот инспектор детектира прекршување на закон а додека стигне до државниот инспектор сето тоа се покри. Значи и тоа ветување дека ќе има вмрежување не се исполни. Втора работа локалната самоуправа односно градоначалниците имаат одредени ограничени ингеренции но што може да видиме, ние можеме да видиме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја завршија својата работа во однос на она што е во нивниот план. Односно ги исчистија депониите во Ѓорче Петров се направи голем парк наместото на депонијата, истото се случи и во Бутел, понатаму градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ како што е градоначалникот на Аеродром и градоначалникот на Кисела Вода како што добро знаете ги избришаа градежните маркици на тоа место ставија паркови, ставија зеленило за граѓаните. Но не може во Ѓорче Петров да се реши аерозагадувањето се додека геријатрија, болницата за геријатрија не се смени бидејќи се загрева на најлошиот квалитет на мазут. И тие владини згради кои што се во општините тие не зависат од локалната самоуправа не зависат од градоначалниците туку зависат од владата. А владата и покрај тоа што уште во 2020 и претходно во 2016 го имаше напишано во својата програма тоа дека ќе ги смени загадувачите и ќе ги стави на еколошки начин на греење тоа не го направи еве и во 2024 требаше во 2022 тоа да биде најдоцна така да сите оние префрлања од страна на владата дека локалната самоуправа не работи добро тоа е буквално сами себе си пукаат во нога. До пред две години тие ја држеа комплетно и локалната и централната власт ништо не направија состојбата со аерозагадувањето е влошена многу повеќе од што беше. Едно од решенијата секако дека е и гасификација меѓу тоа како што видовме во изминатите седум години една цевка не е поставена. Ние имаме сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и за намалување на аерозагадувањето, секако не можеме да очекуваме дека за една година ова може да се реши но мораме да почнеме да ги спроведуваме мерките оние кои што СДСМ и ДУИ не ги спроведоа а ги ветија“ нагласи Стојкова-Серафимовска.

 
 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан