• сабота, 23 ноември 2024

Стотици камиони чекаат 30 часа за да преминат од Романија во Украина

Стотици камиони чекаат 30 часа за да преминат од Романија во Украина

Букурешт, 4 март 2024 (МИА) - Стотици камиони чекаат околу 30 часа на романско-украинската граница кај царината Халмеу (Сату Маре), пренесуваат романските медиуми, повикувајќи се на Генералниот инспекторат на Граничната полиција на Романија.

-Големиот број камиони кои чекаат да ја напуштат Романија формираа колона и видно го попречуваат патниот сообраќај во соседните градови, додаде изворот, прецизирајќи дека времето на чекање е зголемено по протестите на полските земјоделци. Пред неколку дена ги блокираа сите шест гранични точки на границата со Украина, потсетуваат локалните медиуми.

Работиме со максимален капацитет, се користат сите контролни артерии наменети за моторни возила. Зголемен е персоналот кој ги врши контролните формалности, но важно е да се знае дека со оглед на тоа што sе граничи со земја која не е членка на ЕУ, контролата е од различни видови - царинска, фитосанитарна, санитарно-ветеринарна, вињетна контрола, се вели во пораката на Генералниот инспекторат на Граничната полиција на Романија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан