Стотици илјади парчиња швајцарска муниција илегално испорачани во Украина
- Вкупно 645.000 куршуми наменети за прецизни стрелци, специјалитет на швајцарската одбрана (Swiss P Defence), биле доставени во јули 2023 година до полската компанија UMO SP, која потоа четири дена подоцна ги извезла во Украина.
Женева, 21 ноември 2024 (МИА) - Неколку стотици илјади парчиња швајцарска муниција од мал калибар наменета за прецизно гаѓање илегално се доставени во Украина без знаење на производителот, јави денеска швајцарската јавна телевизија СРФ, повикувајќи се на извештајот на Министерството за економија.
Вкупно 645.000 куршуми наменети за прецизни стрелци, специјалитет на швајцарската одбрана (Swiss P Defence), биле доставени во јули 2023 година до полската компанија UMO SP, која потоа четири дена подоцна ги извезла во Украина.
Овој реекспорт го прекршува ембаргото за оружје и принципот дека Швајцарија не испорачува оружје на држава во војна. Беше прекршена и забраната купувачите на вооружени компании да го реизвезуваат во завојувана земја.Таквиот став произлегува од швајцарската неутралност.
Швајцарското Министерство за економија соопшти дека повеќе нема да има соработка со полската компанија која извезувала муниција во Украина. Засега не е познато дали таа муниција била користена во Украина. зш/