• среда, 27 ноември 2024

Стопанската комора на Македонија ќе одржи онлајн прес-конференција за еврокодовите

Стопанската комора на Македонија ќе одржи онлајн прес-конференција за еврокодовите
Скопје, 26 октомври 2020 (МИА) - Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи онлајн прес-конференција за еврокодовите како услов за поконкурентно македонско градежништво на европските пазари. На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, директорот на Институтот за стандардизација Џеват Кицара и раководителката на сектор Соња Черепналковска, како и претседателот на ИСРСМ ТК 40 – Еврокодови и Национални анекси Петар Цветановски  и претседателката на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), Мери Цветковска. бак/са/

Остани поврзан