• четврток, 25 јули 2024

Стопанската комора му додели награда на премиерот Мицкоски

Стопанската комора му додели награда на премиерот Мицкоски

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Стопанската комора му додели награда на премиерот Христијан Мицкоски за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.

На денешниот настан по повод 102 години од постоењето, Комората им врачи награди и на бизнисмени во различни категории.

Како што рече претседателот на Комората, Бранко Азески, Мицкоски го поддржувал бизнисот и додека бил во опозиција.

-За мене ова е голема чест, но и одговорност. Изминативе први 30 дена оставаме срце на терен за да направиме нешто. Настапуваме патриотски, тоа што е интерес за граѓаните е и наш интерес, работиме посветено, не се штедиме, истакна Мицкоски во обраќањето пред присутните, изразувајќи благодарност за наградата. мч/ац/

Фото: МИА

 

Остани поврзан