• среда, 27 ноември 2024

Столтенберг: НАТО сака драстично да го зголеми бројот на војници за брз одговор

Столтенберг: НАТО сака драстично да го зголеми бројот на војници за брз одговор
Њујорк, 27 јуни 2022 (МИА) - НАТО работи на планови за зголемување на бројот на војници за своите сили за брз одговор на повеќе од 300.000, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг. Деталите за тоа како воената алијанса сака да ги зајакне таканаречените сили за одговор на НАТО (NRF), кои во моментов се 40.000 војници, ќе бидат разгледани на самитот на лидерите на НАТО во Мадрид оваа недела. Столтенберг очекува лидерите на НАТО „да ја сметаат Русија за најзначајна и најдиректна закана за безбедноста“ на самитот. „Промените на силите за брз одговор и другите одговори на руските закани претставуваат најголемиот ремонт на нашата колективна одбрана и одвраќање од Студената војна“, рече Столтенберг. паг/  

Остани поврзан