• среда, 20 ноември 2024

Стоилковски: По која методологија на списокот од "Безбеден град" има лица од една, а нема од друга криминална група?

Стоилковски: По која методологија на списокот од
Скопје, 20 март 2023
 
Продолжуваме со прашања коишто даваат одговор зошто Македонија се дави во криминал. Оливер Спасовски има многу за објаснување за список за како што се нарекува стручно „редовна контрола и претрес на безбедносно интересни лица".
Цела недела Спасовски молчи и по прозивка од неделникот Фокус, дека цитирам „На списокот од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес".
Се работи за листата од планот Безбеден град, и оттука, легитимни се прашањата:-Зошто на списокот нема членови на определени криминални групи како Беланоца, Кондово или Барон?-Зошто на списокот за претрес и проверки нема ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак, дали тие не се безбедносно интересни лица?-По која методологија на списокот од Безбеден град има лица од една, а нема од друга криминална група?-Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба  на Оливер Спасовски?
Но, Спасовски должи и одговори:-Како е можно МВР по скратена постапка да дава дозвола за оружје на луѓе од овој список?-Дали е дадено одобрение за оружје на човек во првите 5 од оваа листа?
Почитувани, Скопје и Македонија се дават во криминал, а институциите наместо да се борат со криминалот, тие шуруваат со криминалот.
 
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан