• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Очекуваме ДКСК да отвори предмет и да се изјасни за скандалот тежок 40 милиони евра за лиценци

Стоилковски: Очекуваме ДКСК да отвори предмет и да се изјасни за скандалот тежок 40 милиони евра за лиценци

Скопје, 19 септемврти 2023

Денешната изјава пред ДКСК е во насока да ги повикаме, доколку до сега не слушнале за скандалот тежок 40 милиони евра за лиценци.

Веќе 10 дена чекаме ДКСК да пројават интересирање како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот, па ДКСК да одговори дали тоа не е основа за сомнеж за корупција?

Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред 3 години?

И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?

Притоа, Ковачевски на Влада го минува истиот колега како Конзул на странска држава, што значи Владата сега набавува софтвери за Владата и за администрацијата од човек којшто застапува странски интереси?

Очекуваме ДКСК да отвори предмет, и во најкус рок да се изјасни за скандалот!

40 милиони евра е сериозна сума, дури и за оваа криминална власт!

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан