• четврток, 26 декември 2024

Стоилковски: Димовски од ССМ застана во одбрана на Владата и нападна штрајк

Стоилковски: Димовски од ССМ застана во одбрана на Владата и нападна штрајк
Скопје, 21 април 2022 Срамно и недостоинствено за функцијата, Дарко Димовски политички поставениот претседател на Сојузот на синдикати, наместо поддршка на штрајкот на образованието, денеска застана во одбрана на Владата. Димовски, за потсетување, кршеше врати со асистенција на СДСМ, Оливер Спасовски и Мила Царовска, беше поставен со партиска агенда да го чува грбот на власта пред осиромашувањето и притисоците врз работниците. Во моменти кога сето образование во Македонија е во штрајк заради недостоинствени плати, во моменти кога оние коишто ја згрижуваат, воспитуваат, образуваат македонската иднина се соочуваат со тешки притисоци и закани, во моменти кога Владата спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк, Дарко Димовски, го покажа лицето на партиската агенда во фотелјата на ССМ, и денеска ги нападна сиот образован капитал, нападна синдикат и сквернави штрајк којшто трае две недели, за да  ја брани Владата! Срамно и недостојно за позицијата претседател на Сојузот на синдикати, а по состанок со Ковачевски и Груби, Дарко Димовски застана во одбрана на Владата, и нападна штрајк, нападна синдикат и го нападна достоинството на образованието. На површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, пет години не организирал ниту еден протест за работничките права. Димовски треба да знае дека владата е банкарот, којшто троши за луксузи на сметка на економското тонење на работниците. Синдикалните организации се организации за заштита на правата на работниците како и за подобрување на нивниот стандард, а не за одбрана на Владата при кршење на работничките права, закани и уцени врз нив. Македонија ја оставија без здравство, лекови, вакцини, брашно, зејтин, струја, вода, без пари, без плати, задолжувањата се се поголеми, а секојдневно државата тоне во криминал и во корупција. Секој еден ден поминат со СДСМ на власт е поскап од предвремени парламентарни избори! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Интегрален текст од прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан