• вторник, 18 март 2025

Стоилковиќ и Вучевиќ разговарале за дополнителна помош по трагедијата во Кочани

Стоилковиќ и Вучевиќ разговарале за дополнителна помош по трагедијата во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска остварил средба со претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ. Од Кабинетот на Стоилковиќ соопштија дека на средбата било разговарано за понатамошните чекори, но и можностите за дополнителна помош по трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија 59 лица. 

Стоилковиќ му се заблагодарил на српскиот премиер Вучевиќ за подадената рака и несебичната поддршка што Србија во согласност со своите можности ѝ ја дава на нашата земја во овие тешки моменти.

- Солидарноста што ја покажува Србија по трагедијата во Кочани е за почит и навистина бескрајно сме благодарни за подадената рака. Благодарни сме што, како и останатите наши соседи, ги ставија на располагање сите свои, пред сѐ, медицински капацитети, рекол по средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ, изразувајќи уште длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, се додава во соопштението. цр/лв/


Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан