• сабота, 23 ноември 2024

Стејт департмент: Иран мора да преземе чекори за деескалација на својата нуклеарна програма

Стејт департмент: Иран мора да преземе чекори за деескалација на својата нуклеарна програма

Вашингтон, 27 септември 2023 (МИА) - Иран мора да преземе чекори за деескалација во однос на својата нуклеарна програма доколку сака да направи простор за дипломатски односи со САД, почнувајќи од соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти американскиот Стејт департмент.

„Во последните неколку недели видовме дека Иран презема чекори за да ја поткопа способноста на МААЕ да ја врши својата работа. Значи, ако Иран е навистина сериозен во преземањето чекори за деескалација, првото нешто што може да го направи е да соработува со МААЕ“, рече портпаролот на Стејт департментот, Мет Милер.

Тој додаде дека чекорите што ги наведе како потенцијален увод во обновените американско-ирански преговори, директно или индиректно, имаат врска со иранската нуклеарна програма, иако тој не даде дополнителни детали.

САД и многу од нивните западни сојузници стравуваат дека иранската нуклеарна програма може да биде параван за развој на нуклеарно оружје, што Иран го негира. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан