Стефан Јанев за МИА: Решението на прашањето меѓу двете држави е во политичарите, а не во историчарите
- Решението на прашањето меѓу двете земји е во политичарите. На историчарите не треба да им се остава да бидат предводници во политиката, затоа што политиката е одговорност на владите, изјави в
![Стефан Јанев за МИА: Решението на прашањето меѓу двете држави е во политичарите, а не во историчарите](https://mia.mk/index.php/images/20221107130251_big_730x400_38.webp )
Софија, 15 јуни 2021 (МИА) - Решението на прашањето меѓу двете земји е во политичарите. На историчарите не треба да им се остава да бидат предводници во политиката, затоа што политиката е одговорност на владите, изјави во ексклузивното интервју за МИА бугарскиот премиер Стефан Јанев.
Јанев за МИА вели дека е потребно двете влади да седнат и прагматично да разговараат што може да се направи, за да се постигне решение.
-Историчарите се луѓе на науката. Според мене, луѓето од науката треба да се занимаваат само со наука, да си ги докажуваат тезите, и се разбира, врз база на факти и докази со неопходната сериозност и одговорност. Но ним не треба да им се остава да бидат предводници во однос на политиката, затоа што политиката е одговорност на владите. Политиката е одговорност на извршната власт, којашто одговара на потребите на граѓаните. Потребите на граѓаните се дефинираат преку гласање на соодветните избори, односно решението на ова прашање е во политичкиот живот и во владите на двете држави, вели Јанев за МИА.
Според Јанев исполнувањето на Договорот за добрососедство се одвива бавно, додека заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања не постигнала ништо во нејзиното работење.
-Да, кажавме дека таа Комисија треба нешто да постигне, но очигледно е дека таа ништо не заврши. Тоа беше јасно уште првата, втората година. Треба да чекаме уште пет години таа комисија да постигне нешто? Според мене, тоа не е реално, оценува Јанев во интервјуто за МИА.
Бугарскиот премиер нагласи дека тоа е и неговиот апел, односно прашањето да се реши со разговор меѓу две влади.
-Затоа мојот апел, се радувам што господинот Заев ќе биде наш гостин утре, е точно тоа. Владите да седнат и прагматично да разговараат што може да се направи, затоа што, како што веќе кажав, при сета добронамерност којашто беше изразена при потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, очигледно е дека неговото исполнување не се одвива. Еве веќе сме четврта година откако е потпишан, и ние немаме никаков напредок, вели бугарскиот премиер Јанев за МИА.
Целото интервју заедно со видео-материјалот ќе биде објавено утре. да/нд/
![](/articles/images/stefan-anev-za-mia-reshenieto-na-prasha-eto-me-u-dvete-drzhavi-e-vo-po/ZI1phNdP7/placeholder.webp?use_watermark=0)
![](/articles/images/stefan-anev-za-mia-reshenieto-na-prasha-eto-me-u-dvete-drzhavi-e-vo-po/pi8zg1TfT/placeholder.webp?use_watermark=0)