Стагнација на германската индустрија во декември 2020 година
- Статистичките податоци покажуваат стагнирање на германското индустриско производство во декември минатата година односно забележан е нулти раст на месечно ниво во однос на ноември кога имаше

Берлин, 8 февруари 2021 (МИА) - Статистичките податоци покажуваат стагнирање на германското индустриско производство во декември минатата година односно забележан е нулти раст на месечно ниво во однос на ноември кога имаше раст од 1,5 проценти.
Според гермаснкиот Сојузен завод за статистика Дестатис стагнацијата се должи на ограничувањата во земјата и во странство воведени поради пандемијата со Ковид-19, што го забавија ориентираниот производствен сектоор во најголемата европска економија.
Тоа е прва стагнација по раст од седум месеци по ред. ми/