• среда, 27 ноември 2024

ССНМ за нападот врз новинарите во Кичево

ССНМ за нападот врз новинарите во Кичево

Скопје, 21 март 2024

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со огорченост ја прими информацијата за физички атак на извршителката Весна Јакимовска од Кичево врз колегата Фуркан Салиу од ПорталИкс. Особено веста за телесните повреди кај колегата и уништувањето на дел од нивната опрема при вршењето на новинарската секојдневна пракса не поттикнува да бараме итно разрешување на овој инцидент.

ССНМ смета дека вакво однесување на лица кои треба да спроведуваат делови од правниот систем во земјава кон тие што се „будно око“ на општеството е за брза постапка на надлежните и во тој контекст со задоволство ја дочекавме веста за брзата реакција на Основното Јавно обвинителство во Кичево кое по известувањето за настанот ги издаде потребни наредби и насоки за расчистување на случајот. Според нашите сознанија предметот е евидентиран во статистиката на пријавени нападнати новинари што ја води Јавното обвинителство. Од таму и најава за брзо дејствување со цел да биде донесена брза одлука за натамошниот тек од постапката. Кога целиме на итна реакција со должност потсетуваме дека во Кривичниот законик е впишан членот со кој нападот на новинар се третира како напад врз службено лице и обвинителството нема пречка да отвори предмет по службена должност и да го гони напаѓачот.

Со надеж дека колегите ќе бидат и заштитени, и ќе имаат сатисфакција за нанесените повреди и штета, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека употреба на сила врз членови на заедницата која врши професија информирање и која е од јавно значење од страна на лица кои треба да спроведуваат судски одлуки може да биде протолкувано како отворање на повик за насилство и од други професии. А, нам ни престојат избори во кои новинарите одново може да бидат најлесната мета, состојба на која предупреди и мисијата за мониторирање на изборите, ОБСЕ/ОДИХР.

 

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан