Српскиот Парламент почна седница со едноминутно молчење за загинатите во Кочани
- Собранието на Србија денеска ја продолжи првата редовна пролетна седница, а седницата започна со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград.

Белград, 18 март 2025 (МИА) - Собранието на Србија денеска ја продолжи првата редовна пролетна седница, а седницата започна со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград.
На крајот на седницата треба да биде објавена оставката на премиерот Милош Вучевиќ, но не се знае дали тоа ќе се случи денеска.
Седницата почна на 4 март, а пратениците донесоа неколку закони на 6 и 13 март.
Во Србија денска е Ден на жалост за загинатите во Кочани. зш/