Српската Влада со едноминутно молчење за жртвите во Кочани ја почна денешната седница
- Владата на Србија го прифати предлогот на премиерот Милош Вучевиќ на денешната седница, на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на дневниот ред да има две точки - информации за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Србија и регионот и прогласување ден на жалост за вторник, 18 март, поради трагедијата во Северна Македонија.

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Српската Влада денешната седница ја почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград.
Владата на Србија го прифати предлогот на премиерот Милош Вучевиќ на денешната седница, на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на дневниот ред да има две точки - информации за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Србија и регионот и прогласување ден на жалост за вторник, 18 март, поради трагедијата во Северна Македонија. зш/