Српската амбасадорка го напушти приемот на СНВ во Загреб
- - Никој нема да дочека СНВ да цензурира изјави на благодарност на нашите лауреати, рече претседателот на Советот на СНВ, Дејан Јовиќ, нарекувајќи го потегот на Милиќ „скандалозен“.
Загреб, 7 јануари 2025 (МИА) - Српската амбасадорка во Хрватска, Јелена Милиќ, го напушти традиционалниот прием на Српскиот народен совет (СНВ) во Загреб за православниот Бадник, поради отсуство на реакција на претставниците на СНВ за содржината на писмото на добитниците на наградата „Светозар Прибиќевиќ“.
Наградата им беше доделена на писателката Јасминка Петровиќ и режисерот Радивоје Раша Андриќ за нивниот придонес во српско-хрватските односи, но тие не присуствуваа на приемот. Во писмото, тие им се заблагодарија на младите во Србија за пораките на простување и помирување.
„Благодарност до децата низ регионот кои гледаат подалеку и поубаво од нас. И благодарност до младите во Србија што овие денови нè учат како се лета и како се свети“, напишаа тие.
Милиќ за телевизијата РТЛ изјави дека вчера го напуштила приемот, бидејќи „не и се допаднала“ реакцијата на СНВ.
„Реакцијата на лидерот на СНВ на тоа писмо, во која се вели дека ви благодариме и дека се надеваме дека младите во Србија ќе не научат како да летаме, за мене беше директна асоцијација со студентските блокади кои во моментов се одвиваат во Србија. Едноставно не ми се допадна реакцијата на СНВ, рече Милиќ.
Таа додаде дека неодамна на Фејсбук напишала дека „поддржува кога младите стојат на плоштадите, не блокираат институции и кога бараат конкретна правда за неправдата“.
- Но, надвор од тоа, блокади, нарекувајќи ја мојата земја тиранија, нарекувајќи го мојот претседател и државниот врв убијци и такви работи, јас едноставно и апсолутно не го поддржувам тоа“, рече српската амбасадорка.
- Никој нема да дочека СНВ да цензурира изјави на благодарност на нашите лауреати, рече претседателот на Советот на СНВ, Дејан Јовиќ, нарекувајќи го потегот на Милиќ „скандалозен“. ссм/
фото: