• четврток, 26 декември 2024

Средствата на пензиските фондови со раст од 3,7 проценти на квартално и од 7,6 проценти на годишно ниво

Средствата на пензиските фондови со раст од 3,7 проценти на квартално и од 7,6 проценти на годишно ниво

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во кои се вклучени: инвестициските и пензиските фондови, осигурителните и друштвата за управување со инвестициските фондови и со пензиските фондови, како и финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг, во четвртиот квартал лани изнесувале 178.925 милиони денари и се зголемени за 5.064 милиони денари, на квартално ниво, објави денеска Народната банка. 

Најголемо учество во структурата на средствата на ОФИ и понатаму имаат пензиските фондови со 65,4 проценти, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,4 проценти.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ им припаѓа на вложувањата во должнички хартии од вредност (учество од 51,4 проценти), како и на вложувањата во сопственички хартии од вредност и пласмани во валути и депозити (учество од 24,1 процент и 10,2 процента, соодветно).

На страна на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето  и капиталните сметки  (учество од 57,8 проценти и 33 проценти, соодветно).

Во четвртиот квартал од 2022 година, кварталната стапка на раст на вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесува 2,9 проценти, во најголем дел како резултат на зголемените средства на пензиските фондови, додека
останатите потсектори имаат помало позитивно влијание, со исклучок на осигурителните друштва, кај коишто е забележан пад на средствата. Годишниот раст
од осум проценти во поголем дел се должи на зголемените средства на пензиските фондови, при помал позитивен придонес и на останатите потсектори, со исклучок на
средствата на инвестициските фондови, коишто остварија годишно намалување.

Според податоците на НБ, во последниот квартал лани, кварталниот раст на вкупните средства на пензиските фондови (задолжителни и доброволни) изнесува 3,7 проценти, што во најголем дел се должи на зголемените вложувања во должнички хартии од вредност, а дополнително и на вложувањата во сопственички хартии од вредност.

-Средствата на пензиските фондови остварија годишен раст од 7,6 проценти којшто во целост се објаснува со повисоките вложувања во должнички хартии од вредност, во услови на забележан пад на валутите и депозитите и вложувањата во сопственички хартии од вредност. На страната на обврските, кварталниот раст во најголем дел произлегува од зголемените технички резерви на осигурувањето, коишто целосно го објаснуваат и годишниот раст. Помал позитивен придонес кон кварталната промена имаат и капиталните сметки, велат од НБ.

Вкупните средства на осигурителните друштва, пак, на крајот на декември 2022 година, забележале квартално намалување од 1,7 проценти. Тоа се должи на падот на побарувањата врз основа на техничките резерви на осигурувањето, како и на останатите побарувања.  Квартален раст е забележан кај вложувањата во хартии одвредност (должнички и сопственички) и во валути и депозити. На годишна основа, средствата на осигурителните друштва се повисоки за 6,1 процент, со поголем придонескон растот на должничките хартии од вредност, валутите и депозитите и останатитепобарувања, а во услови на остварен пад на техничките резерви на осигурувањето. На страната на обврските, падот на квартално ниво главно се должи нанамалувањето на техничките резерви на осигурувањето, а во помал дел и нанегативното влијание на останатите обврски, во услови на остварен раст кајкапиталните сметки. Растот на годишна основа во поголем дел е резултат натехничките резерви на осигурувањето, а во помала мера и од останатите обврски.

Кварталната стапка на раст на вкупните средства на инвестициските фондови, во четвртиот квартал, изнесува 4,3 проценти и во најголем дел се должи на зголемувањето на сопственичките хартии од вредност, а позитивно влијание имаат и валутите и депозитите и должничките хартии од вредност. Анализирано на годишно ниво, средствата на инвестициските фондови остварија пад од 3,9 проценти, како резултата на намалените валути и депозити, при помало негативно влијание и на
должничките хартии од вредност, во услови на раст на сопственичките хартии од вредност. На страната на обврските, промената кај двете основи во целост произлегува од зголемените капитални сметки.

Според податоците на НБ, кредитите одобрени од финансиските и друштвата за лизинг изнесуваат 14.105 милиони денари, од кои 8.023 милиони денари се однесуваат на финансиските друштва, а 6.082 милион денари на друштвата за лизинг. Кредитната активност на овие два сектора бележи квартален и годишен раст од 4,7 проценти и 23,8 проценти, соодветно, во услови на поголемо кредитирање од страна на финансиските друштва. лв/нд/

Фото: Народна банка 

 

Остани поврзан