• сабота, 23 ноември 2024

Средба Ѓорѓиевски - Гeрасимовски: За модерни општини и град Скопје e клучен безусловен рамномерен регионален развој

Средба Ѓорѓиевски - Гeрасимовски: За модерни општини и град Скопје e клучен безусловен рамномерен регионален развој

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - За модерни општини и град Скопје клучен е рамномерен регионален развој и тој не смее да биде условен од политика или друг фактор на поделба, е заклучокот произлезен од средбата на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Како што информираат од прес-службата на Општина Кисела Вода, на денешната посета која се одвивала во рамки на циклусот со кој се опфатени сите општини, биле дискутирани реализираните проекти, но и проблемите со кои се соочуваат жителите на Центар и Скопје. Кaко приоритет, како што наведуваат, бил издвоен проблемот со паркирањето, на чие надминување мора сериозно да се работи.

Ѓорѓиевски потенцираше дека како претседател на ЗЕЛС продолжува еднакво да се залага за сите и дека очекува многу побрзи решенија сега, откако новата централна власт има сериозен план да обезбеди директна финансиска помош за локалните самоуправи.

-Разговаравме за она што досега е сработено, она што е како план во периодот што следи но и за проблемите со кои се соочуваат жителите на Скопје. Од она што го заклучивме во разговорот, Општина Центар има сериозен проблем со паркирањето и во иднина ќе се работи на надминување на оваа голгота во центарот на Скопје. За модерни општини и град Скопје потребен е рамномерен развој без разлика на политичката или било каква припадност. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за развој на општините рамномерно, по 250 милиони евра годишно. Како претседател на ЗЕЛС ќе продолжам да се залагам подеднакво за сите, особено сега кога новата централна власт има сериозен план да обезбеди директна финансиска помош за локалните самоуправи. Скопје заслужува да биде повторно горд град, истакнал Ѓорѓиевски. фф/нд/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан