• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи

Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема Шаќир Фетаи, на која му го честиташе изборот за поглавар на ИВЗ, му посака успех во работата и ги потенцираше своите заложби за соработка со сите верски заедници во Република Северна Македонија.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, Пендаровски на средбата изрази уверување дека новиот поглавар значајно ќе придонесе во мисијата на Исламската верска заедница, во унапредувањето на соживотот и почитувањето на различностите, како една од темелните вредности на нашата држава.

- На средбата, поглаварот на ИВЗ го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на заедницата, како и планираните активности и проекти во следниот период, наведува Кабинетот во соопштението. хс/дма/

Остани поврзан