• сабота, 16 ноември 2024

Средба на Пендаровски со Вадефул, заменик претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО

Средба на Пендаровски со Вадефул, заменик претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го примил Јохан Вадефул, заменик претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

Актуелните политички случувања во земјава во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион, биле темите за кои разговарале Пендаровски и Вадефул, соопштија од Кабинетот на претседателот на државата.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошна силна германска поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија и посочил дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион и на европскиот континент.

- Претседателот Пендаровски и Вадефул ја потенцираа потребата од спроведувањето на неопходните суштински реформи во сите сфери од важност за непречено одвивање на пристапните преговори. На средбата стана збор и за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Германија и партнерството во НАТО, при што беше констатирано дека двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и остваруваат интензивен политички дијалог, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски. цр/нд/

Фото: Кабинет на претседателот на државата Стево Пендаровски

Остани поврзан