• среда, 25 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

Средба на министерот Спасовски со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со новоименуваниот амбасадор на Обединетото кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, придружуван од заменик амбасадорката Џулија Смит . На  средбата од страна на министерот Спасовски била изразена благодарност до амбасадорот Лосон за досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја дава на Република Северна Македонија во сите сфери на општествениот живот. Била искажана и подготвеност за натамошно интензивирање на одличната соработка во областа на теми од областа на безбедноста. Од МВР соопштија дека Амбасадорот Лосон му се заблагодарил на министерот Спасовски за одличната соработка меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија во зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупцијата. - Обединетото Кралство ќе продолжи да ги поддржува реформите за зајакнување на безбедноста на земјата, се наведува во соопштението од МВР. цр/са/

Остани поврзан