• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Муртезани со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

Средба на министерот Муртезани со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска остварил средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, на која биле потврдени пријателските билатерални врски и разгледани прашања за продлабочување на соработката.

Како што информира Министерството за европски прашања, соговорниците ја подвлекле важноста од тесна меѓусебна соработка во клучни области од заемен интерес.

-Акцент на дискусиите беше ставен на континуираната шпанска поддршка за нашите напори за пробив на европскиот пат. Министерот Муртезани изрази благодарност за доследната поддршка од Шпанија во контекст на европската интеграција на Северна Македонија, истакнувајќи ја важноста на ваквите партнерства за напредокот на земјата, се наведува во соопштението.

Во фокус на разговорите била билатералната соработка при што Муртезани и Сориано Ортиз ја нагласиле „потребата за понатамошен развој на врските во области како реформа на јавната администрација, добро управување и владеење на правото“.

-Посебно внимание беше посветено на можностите за продлабочување на соработката во сектори што се усогласени со реформската агенда на Северна Македонија и целите поврзани со Европската Унија, наведува Министерството за европски прашања. хс/дма/

Фото: Министерство за европски прашања


 

Остани поврзан