Средба на министерката Јаневска со унгарскиот амбасадор Клеин
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која разговарале досегашната образовна соработка помеѓу двете држави и можностите за развивање нови иницијативи во следниот период.
Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која разговарале досегашната образовна соработка помеѓу двете држави и можностите за развивање нови иницијативи во следниот период.
-На средбата, Јаневска рече дека за Македонија соработката со земји од Европската Унија е исклучително важна, бидејќи позитивните европски практики се интегрираат во националниот образовен систем и тоа го забрзува напредокот на државата. Изрази задоволство што унгарската страна преку програмата „Стипендиум Хунгарикум“ подолго време обезбедува финансиска поддршка за стипендирање на македонски студенти запишани на додипломски, магистерски и докторски студии на тамошните државни универзитети, соопшти МОН.
Амбасадорот Клеин информирал подетално за агендата на претстојниот Самит на Земјите од Западен Балкан за култура, образование и иновации, кој на 3 и 4 февруари во Будимпешта го организира унгарското Министерство за култура и иновации, на кој ќе учествува и министерката Јаневска. хс/са/
Фото: Министерство за образование и наука