• среда, 27 ноември 2024

Средба на Маричиќ со новата директорка на Регионалната антикорупциска иницијатива Готскова

Средба на Маричиќ со новата директорка на Регионалната антикорупциска иницијатива Готскова
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со новата директорка на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Десислава Готскова, изразувајќи, како што се вели во соопштението од неговиот кабинет, уверување дека соработката во борба против корупцијата ќе биде продолжена и продлабочена. Маричиќ, на средбата, истакнал дека борбата против корупцијата е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија, за што, како што се вели во соопштението од Министерството за правда, говори и поддршката и потпишувањето на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба што беше подготвен во рамките на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ). Овој договор, се вели во соопштението, го имаат потпишано Република Северна Македонија, Република Србија и Република Црна Гора, во март  оваа година, а негова ратификација во Собранието на Република Северна Македонија се очекува кон крајот на оваа година. аа/са/

Остани поврзан