• среда, 22 јануари 2025

Средба на државниот секретар Петрушевски со делегација од Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција

Средба на државниот секретар Петрушевски со делегација од Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски денеска во Скопје оствари средба со делегација од Швајцарска Конфедерација, предводена од Кристина Пробст-Лопез, раководител на Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција.

На средбата, како што информираат од МВР,  Петрушевски ја потенцираше важноста на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација која се одвива во рамките на традиционално добрите односи, потврдена со потпишани пет меѓународни договори.

-Со оглед на целта на посетата на швајцарската делегација, државниот секретар особено се осврна на последно потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу двете држави за воспоставување на партнерство за миграција, кој претставува одлична основа за продлабочување и проширување на дијалогот и соработката во областа на миграцијата, заснована врз начелото на реципроцитет за идентификување на можностите за пронаоѓање на конструктивни решенија за предизвиците на глобалната миграција, соопшти МВР. 

Во продолжение на средбата, се вели во соопштението, беше потенцирано дека токму оваа втора средба на двете делегации ќе ги идентификува потребите за области на соработка и ќе поентира со конкретни предлози и потреби за управување со миграциите. вј/нд/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан