• сабота, 13 декември 2025

Средба на директорот на ЦУК Али со италијанскиот амбасадор Палминтери

Средба на директорот на ЦУК Али со италијанскиот амбасадор Палминтери

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска се сретна со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери.

Како што информираат од ЦУК, фокусот на разговорот меѓу двајцата соговорници беше насочен кон продлабочување на соработката во областа на управувањето со кризи, размена на искуства и техничка поддршка. Двете страни ја истакнаа важноста од натамошна соработка и унапредување на партнерството во оваа област. вј/дма/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан