Средба на директорот на БЈБ Јанев со амбасадорот на Катар во земјава
- На средбата, како што соопшти МВР се разговарало и за поддршка во областа на обуките за полициските службеници, со акцент на кибер-безбедноста, како и разгледување на катарскиот модел за модернизација и примена на развиени технологии во делот на полициското постапување.
Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи оствари средба со амбасадорот на Катар во земјава Шеик Јасим Хамад ал Тани, на која се дискутирале прашања од аспект на зајакнување на полициската соработка помеѓу двете држави.
На средбата, како што соопшти МВР се разговарало и за поддршка во областа на обуките за полициските службеници, со акцент на кибер-безбедноста, како и разгледување на катарскиот модел за модернизација и примена на развиени технологии во делот на полициското постапување.
Една од темите била и изборот на нови членови на Извршниот Комитет на ИНТЕРПОЛ, што ќе се случи во текот на Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ наредната недела во Глазгов, Шкотска.
Македонската полиција останува посветена на продлабочување на меѓународната полициска соработка со сите релевантни партнери на глобално ниво, но и кон збогатување со најдобри практики и примена на софистицирани методи и алатки во сите сфери за современото полициско работење, стои во соопштението на МВР. нд/
Фото: МВР