• сабота, 23 ноември 2024

Средба на градоначалникот Ганиу со претставници на Атлетската федерација

Средба на градоначалникот Ганиу со претставници на Атлетската федерација
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Изградба на сегмент за скок во далечина во едно од училиштата на Чаир, што ќе го зголеми учеството на најмладите во атлетика, е договорено на денешната средба на градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу со Александра Војнеска-Зикова, претседателка на Атлетската федерација и Ана Крстевска, член на УО. - Од моја страна изразив интерес и начелно се согласивме да се изгради сегмент за скок во далечина во едно од училиштата на Општина Чаир, со што ќе се зголеми учеството на најмладите од нашата општина во спортот атлетика. Добив ветување дека Федерацијата во иднина ќе помага во однос на техничката организација на натпреварите, како и со реквизити за атлетика, но и дека ќе ја зајакнеме соработката во однос на обуката на тренерите, истакнал Ганиу. Како што информираат од општинската прес-служба, Ганиу потенцирал дека за Федерацијата ова е почеток на дејствување во насока на изградба на инфраструктурни капацитети за атлетика во повеќе општини на територијата на Град Скопје а и пошироко, додека Чаир е првата општина која одговорила на ваквиот повик за соработка и дека сето тоа е во насока на започнување на проектот Детска атлетика, како посебна лига што ќе се реализира со првиот натпревар во март. - На средбата, исто така, ги потсетив гостите дека јас како градоначалник континуирано го поддржувам спортот, федерациите и спортистите и дека секоја соработка на овој план е добредојдена, додаде Ганиу. фф/нд/

Остани поврзан