• четврток, 05 септември 2024

Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања

Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања

Брисел, 4 септември 2024 (МИА) – Проширувањето на Европската унија е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста, изјави денеска европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Вархеји на социјалната мрежа Х информира дека со унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока разговарал за следните чекори на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, со цел политиката на проширување да биде кредибилна, предвидлива и динамична.

- Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста. Имав добра дискусија со министерот Јанош Бока за следните чекори на унгарското претседателство со ЕУ за одржување на кредибилна, предвидлива и динамична политика на проширување, порача Вархеји. јт/

Фото: Х

Остани поврзан