• сабота, 23 ноември 2024

Средба Мисајловски - синдикални претставници: Подобрување на условите за работа во МО и опремување на армиските припадници

Средба Мисајловски - синдикални претставници: Подобрување на условите за работа во МО и опремување на армиските припадници

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Подобрување на условите во кои работат сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата и опремување на армиските припадници, вети министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со претставниците на репрезентативниот и останатите синдикати во одбраната.

- На самиот почеток од средбата министерот Мисајловски упати уверување до сите претставници дека оваа соработка ќе биде мошне значајна во периодот што претстои особено во поглед на опремување на припадниците на Армијата, но и за натамошно подобрување на условите во кои работат сите вработени во Министерството и Армијата, информираат од МО.

Претставниците на синдикатите изразија благодарност за оваа прва средба и подготвеност активно да партиципираат во процесите кои ќе значат сериозно подобрување на системот за одбрана. ир/нд/

Фото: МО

Остани поврзан