• петок, 26 јули 2024

Според Хамас, говорот на Нетанјаху покажува дека тој не сака договор за прекин на огнот во Газа

Според Хамас, говорот на Нетанјаху покажува дека тој не сака договор за прекин на огнот во Газа

Газа, 25 јули 2024 (МИА) - Високиот претставник на палестинската група Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред американскиот Конгрес покажал дека тој не сака да склучи договор за прекин на огнот.

Нетанјаху се обрати пред американскиот Конгрес во на заедничката седница на Сенатот и Претставничкиот дом. Тој зборуваше за потребата да се создаде безбедносен сојуз на Блискиот Исток за да се спротивстави на Иран.

„Говорот на Нетанјаху беше полн со лаги и нема да успее да го прикрие неуспехот и поразот на отпорот за да ги прикрие злосторствата од геноцидната војна што неговата армија ја води против народот во Газа“, рече Абу Зухри. Тој додаде дека секој сојуз со Израел би бил „предавство на крвта на мачениците“. Нетанјаху нагласи дека Израел не се стреми да ја насели Газа и дека по војната со милитантите на Хамас, енклавата треба да ја водат Палестинци кои не сакаат да го уништат Израел. зш/

Остани поврзан