• сабота, 23 ноември 2024

Според германската полиција политички е мотивирана саботажата на железницата

Според германската полиција политички е мотивирана саботажата на железницата
Берлин, 10 октомври 2022 (МИА) - Претставници на германските државни безбедносни служби претпоставуваат дека политички мотивирана е саботажата што се случи викендов на основните комуникации на железничката мрежа во северниот дел на Германија, изјави денеска портпаролот на полицијата во градот Бохум. - Формиравме голем истражен тим во државната безбедност, кој работи со максимална брзина на расчистување на мотивацијата за злосторството, изјави за германската новинска агенција ДПА локален функционер од градот Рур. Додека Службата за државна безбедност во Бохум ја истражува саботажата на оптичките кабливо градот Херне. Исто така се истражува и сличен инцидент во регионот на Берлин. Каблите неопходни за комуникациите со возот беа намерно оштетени во Херне и Хоеншонхаузен во Берлин во саботата наутро, поради што со часови беше парализиран железничкиот сообраќај низ северна Германија. ми/

Остани поврзан