Специјалниот пратеник на ОН за Сирија го минимизираше значењето на квалификацијата на „Хајат Тахрир ал Шам“ како терористичка група
- - Реалноста денес е дека ’Хајат Тахрир ал Шам‘ и други вооружени групи испраќаат позитивни пораки до сирискиот народ за единство и инклузија, додаде тој.
Женева, 10 август 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Геир Педерсен денеска изјави дека е од суштинско значење транзициските договори по смената на Башар ал-Асад да бидат што е можно поинклузивни, вклучувајќи ја и организацијата „Хајат Тахрир ал Шам“, која ОН ја квалификува како терористичка група.
- Изминаа девет години од резолуцијата со која претходникот на ’Хајат Тахрир ал Шам‘ беше прогласен за терористичка група, рече Педерсен на прес-конференција во седиштето на ОН во Женева.
- Реалноста денес е дека ’Хајат Тахрир ал Шам‘ и други вооружени групи испраќаат позитивни пораки до сирискиот народ за единство и инклузија, додаде тој.
Педерсен предупреди дека не треба да се повикува на масовно враќање на бегалците кои избегале од Сирија во последните 13 години конфликти, истакнувајќи дека ситуацијата сè уште е „неизвесна“.
„Клучно е да не видиме дејства од кој било меѓународен актер што би можеле да ја уништат можноста за трансформација во Сирија“, заклучи тој. ссм/
фото: архива