Со поддршка од УНДП ќе се подобруваат условите за работа во градинката „Бамби“ во Македонска Каменица
- Во Македонска Каменица започнуваат активности за реконструкција на фасадата и кровот во Детската градинка „Бамби“. Активноста како што информираат од од Опптината ќе се реализира во рамки на
Македонска Каменица, 19 август 2021 година (МИА) - Во Македонска Каменица започнуваат активности за реконструкција на фасадата и покрив во Детската градинка „Бамби“. Активноста како што информираат од од Опптината ќе се реализира во рамки на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.
-За таа цел општина Македонска Каменица доби поддршка од УНДП за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на фасада и покрив за потребите на детска градинка Бамби, истакнаа од Општината.
Оттаму додадоа дека во изминатиот период, општина Македонска Каменица реализирала повеќе активности за подобрување на условите за работа во детската градинка.
-Покрај ентериерното уредување на повеќе простории за потребите на вработените и дечињата кои престојуваат во ЈОУДГ „Бамби“, беа поставени фотоволтаични системи за заштеда на електрична енергија како и системи за прочистување на воздух, додадоа од Општината.
Од Детската градинка „Бамби“ додадоа дека паралелно во установата воспитно-згрижувачкиот процес се одвива без никави проблеми согласно протоколите за заштита од Ковид-19. вс/аа/