• недела, 21 јули 2024

Со петиција против задолжителниот воен рок во Хрватска

Со петиција против задолжителниот воен рок во Хрватска

Загреб, 19 јули 2024 (МИА) – Центарот за економско образование (ЦЕО) денеска до хрватската Влада и Министерството за одбрана достави петиција со над 5.000 потписи против враќање на задолжителниот воен рок во Хрватска.

ЦЕО наведува дека со петицијата официјално ги соопштува економските и правните аргументи против враќањето на задолжителниот воен рок. Државните тела сега се должни да испратат одговор до подносителите на петицијата.

Центарот посочува и дека служењето на војската го нарушува уставно загарантираното право на еднаквост пред законот и има негативни економски последици за пазарот на трудот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан