• среда, 25 декември 2024

Со македонски пасош може да се патува во 124 земји без визи

Со македонски пасош може да се патува во 124 земји без визи
Белград, 20 јули 2022 (МИА) - Со македонскиот пасош може без виза да се патува во 124 држави во светот, со што тој е рангиран на 33-то место на листата изработена според индексот на патни исправи „Артон Капитал“, со кој се опфатени пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и плус на Ватикан, Косово, Тајван, Макао, Хонг Конг и палестинските територии. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според овој индекс, Србија е на 25 место бидејќи нејзините граѓани можат без виси да посетат 134 земји, Црна Гора го дели 33-то место со земјава со можност за патување во 124 држави, Босна и Херцеговина е на 41 место, со чиј пасош може слободно да се влезе во 116 земји, а Косово е на 82 место. Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со „најмоќни пасоши“, бидејќи нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза. Земји со „најмоќни пасоши“ во Европа се Германија и Шпанија, со чии патни исорави може без виза да се патува во 190 држави, а потоа следат Финска, Италија и Луксембург со „слободен влез“ во 189 земји. Австрија, Данска, Холандија и Шведска се на делба на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Велика Британија го делат шестото место. Нов Зеланд и САД се на седмото, веднаш по нив како осмопласирани се Белгија, Норвешка и Швајцарија. Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаб пасош, бидејќи можат да патуваат само во 27 земји откако ќе поднесат барање за виза. об/сп/

Тагови

Остани поврзан