• вторник, 24 декември 2024

Состанок на Света Гора по ширењето на коронавирусот

Состанок на Света Гора по ширењето на коронавирусот
Атина, 22 септември 2020 (МИА) – Шефот на Комисијата на епидемиолози, професорот Сотирис Циодрас и Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, одржуваат состанок на Света Гора, откако беа потврдени најмалку десет случаи на Ковид-19, а еден монах е хоспитализиран во сериозна состојба, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, не е исклучена можноста, по состанокот да бидат соопштени мерки, па дури и одлука за целосно затворање на Света Гора за верниците, додека пак превентивно, затворени се најмалку два манастири. ср/сд/

Остани поврзан