• сабота, 23 ноември 2024

Состанок во ЦУК за опасноста од полусрушениот ѕид на Клинички центар во Скопје

Состанок во ЦУК за опасноста од полусрушениот ѕид на Клинички центар во Скопје

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), напладне ќе се одржи координативен состанок за  опасноста од полусрушениот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од ЦУК, на состанокот се поканети претставници на Министерството за здравство, на Град Скопје и на Општина Центар.

Претходно, ЦУК апелираше до надлежните институции, да се координираат и веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид.

Директорот Стојанче Ангелов неодамна во изјава за медиумите кажа дека со најлошо сценарио, може да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата по која минуваат возила.

- Може да дојде до поголема трагедија каде ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила под ѕидот, појасни Ангелов. бд/ев/

Фото и видео: ЦУК

Остани поврзан