Сообраќајна несреќа кај Дреново, превртено возило на локалниот пат кон Кавадарци
- Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото село Дреново, возило излетало од патот и се превртело, потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.

Кавадарци, 25 март 2024 (МИА) - Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото село Дреново, возило излетало од патот и се превртело, потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.
Екипа на итната медицинска помош Кавадарци е на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес информираа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот Кавадарци.
Според првичните информации, кавадаречките пожарникари се обидуваат да ослободат едно лице приклештено во возилото. свд/цр
Фото: МИА архива