Сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец

Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=7
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура.