• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло со температура до 36 степени, за викендот повторно многу топло време

Сончево и топло со температура до 36 степени, за викендот повторно многу топло време

Скопје, 7 август 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од 11 до 36 степени. 

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Во следните денови се очекува зголемување на температурата, а според најавите на УХМР времето ќе биде сончево и топло, а температурата во делови од земјата за викендот ќе достигне до 39 степен. ев/

ФОТО: Принтскрин 

 

Остани поврзан