• понеделник, 02 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло со локална облачност

Сончево и топло со локална облачност

Скопје, 19 април 2025 (МИА) - Во земјава денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува  слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе достигнат од 18 до 26 степени.

Во Скопје слично време, но ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

За време на големиот христијански празник Велигден во недела ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а веќе од понеделник синоптичарите најавуваат облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан